Од Обвинителството додават дека јавниот обвинител денеска издал наредба за ексхумација, обдукција и идентификација на телото на починатото лице, која ќе ја изврши Институтот за судска медицина – Скопје
Претходно денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) информира дека вонредниот инспекциски надзор во штипската болница е сè уште во тек, а дека дополнително на тоа, ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи каде што 25-годишниот беровчанец побарал лекарска помош
Основното јавно обвинителство Штип соопшти дека формира предмет по допрен глас со цел да ги утврди причините за смртта на 25-годишниот беровчанец кој почина од сепса во штипската болница.
„Надлежниот јавен обвинител издаде повеќе наредби до МВР-СВР Штип и до ОВР Берово со цел да се прибави целокупната медицинска документација околу текот на лекувањето на починатото лице од сите приватни и јавни здравствени установи и ординации каде пациентот побарал лекарска помош. Исто така, полицијата е задолжена да изврши разговори со лекарите и со останатиот медицински персонал кој постапувал, како и со членови на семејството на пoчинатиот пациент“,
информираат од Обвинителството.
Оттаму додават дека јавниот обвинител денеска издаде наредба за ексхумација, обдукција и идентификација на телото на починатото лице, која ќе ја изврши Институтот за судска медицина – Скопје.
„Обвинителството постапува со цел да ги испита наводите за евентуална лекарска грешка при третманот на сега починатото лице“,
додаваат од ЈО Штип.
Претходно денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) информира дека вонредниот инспекциски надзор во штипската болница е сè уште во тек, а дека дополнително на тоа, ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи каде што 25-годишниот беровчанец побарал лекарска помош.
Како што информираа оттаму, ќе се врши надзор кај матичен лекар, матичен стоматолог, итна медицинска помош Берово и ЈЗУ ТОАРИЛУЦ-ОЕ за анестезија, реанимација и интензивно лекување – Скопје.
По завршувањето на инспекцискиот надзор од ДСЗИ велат дека ќе биде изготвена комплетна информација за констатирана фактичка состојба, a ќе се иницира и формирање на комисија за стручен надзор до министерот за здравство.
