Јавното обвинителство соопшти дека преку привремената Комисија за следење евентуални нерегуларности поврзани со извршување кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на предвремените парламентарни избори, во континуитет ги следи сите случувањата поврзани со изборниот процес и итно и со приоритет се постапува по индиции за извршени кривични дела поврзани со изборите, при што известувањата веднаш се проследуваат до соодветните основни јавни обвинителства.
Во соопштението се истакнува дека Комисијата дала задолженија до обвинителствата за итно постапување, односно за формирање предмети и преземање на сите дејствија за утврдување на релевантни факти од кои зависи правилната примена на Кривичниот законик.
Јавното обвинителство ја повикува јавноста, граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции, сите кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес, да достават поднесок/пријава до Комисијата за следење на изборни нерегуларности на електронската адреса [email protected] или до надлежните основни јавни обвинителства.