Во Романија браќата се обвинети дека ги принудувале жените да продуцираат експлицитни комерцијални секс-видеа. Истрагите открија најмалку 34 наводни жртви, меѓу кои и 15-годишно девојче. Двајцата браќа ги негираат сите обвиненија
Јавниот обвинител на Флорида, Џејмс Утмајер, започна кривична истрага против британско-американските инфлуенсери Ендрју и Тристан Тејт, кои минатата недела допатуваа во државата од Романија, каде што се соочија со обвиненија за силување и трговија со луѓе.

„Минатата недела, ја упатив мојата канцеларија да работи со нашите партнери за спроведување на законот за да спроведе прелиминарна истрага за Ендру и Тристан Тејт. Флорида има нулта толеранција за луѓето кои злоупотребуваат жени и девојчиња. Нема да го дозволиме тоа“,
рече Утмајер, пренесе Би-би-си.
Во САД браќата, исто така, се соочуваат со граѓанска тужба од жена која тврди дека ја принудиле на сексуална работа, а потоа ја клеветеле откако таа им дала докази на романските власти. Тие најостро ги отфрлаат сите обвинувања против нив.
Според адвокатот на браќата Тејт, Џозеф Мекбрајд, коментарите на јавниот обвинител се пристрасни.
На браќата, кои беа уапсени во Романија во декември 2022 година, првично им беше забрането да ја напуштат земјата. Сепак, романските власти на крајот го дозволија нивното заминување и браќата отпатуваа за Флорида.
Во Романија браќата се обвинети дека ги принудувале жените да продуцираат експлицитни комерцијални секс-видеа. Истрагите открија најмалку 34 наводни жртви, меѓу кои и 15-годишно девојче. Двајцата браќа ги негираат сите обвиненија.