Речиси пет милиони долари бараат шест лица кои во моментот на нуклеарната катастрофа во Фукушима биле деца, а денес боледуваат од рак на тироидната жлезда. Ова е прва групна тужба поднесена од жителите на Фукушима поради здравствени проблеми, наводно, поврзани со катастрофата, велат нивните адвокати
Пред судот во Токио денеска започнаа сослушувањата на шест лица болни од рак кои бараат отштета блузу пет милиони долари од операторот на нуклеарната централа Фукушима, откако во 2011 година се случи нуклеарната катастрофа.
Во времето на нуклеарната катастрофа, тужителите биле деца, а денес боледуваат од рак на тироидната жлезда.
Ова е прва групна тужба поднесена од жителите на Фукушима поради здравствени проблеми, наводно, поврзани со катастрофата, велат нивните адвокати.
Една жена во своите дваесетти години сведочеше дека се откажала од планот да студира поради повеќе операции и третмани, а дека поради болеста не можела да оди на факултет.
Таа и уште петмина бараат отштета од 616 милиони јени (4,9 милиони долари) бидејќи веруваат дека компанијата е одговорна за нивната болест.