Во земјата претстои продолжен, празничен викенд, поради што се смета дека ќе има голема посета на популарните излетнички места и туристички дестинации што е дополнителен ризик за ширење на заразата
Јапонија трет ден по ред бележи рекордни бројки на новозаразени лица.
Во изминатите 24 часа, ковид-19 е потврден кај 2 418 лица, додека вкупниот број смртни случаи од почетокот на епидемијата надмина 2 000.
И покрај тоа, премиерот на Јапонија, Јошихиде Суга сака економијата да продолжи да работи со избалансиран ризик.
Во земјата претстои продолжен, празничен викенд, поради што се смета дека ќе има голема посета на популарните излетнички места и туристички дестинации што е дополнителен ризик за ширење на заразата.