Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека се додават олигарси на листата на санкции како дел од заедничките напори на САД и европските земји и дека со тој чекор ќе се замрзне имотот на Путин и на највисоките функционери во неговата влада
Јапонија ќе го замрзне имотот на руските олигарси блиски до претседателот Владимир Путин, додека Токио ги заострува санкциите поради руската инвазија на Украина, објави денеска јапонскиот премиер Фумио Кишида.
Toj рече дека Јапонија додава олигарси на листата на санкции како дел од заедничките напори на САД и европските земји и дека со тој чекор ќе се замрзне имотот на Путин и на највисоките функционери во неговата влада.
Dодаде дека Јапонија исто така исклучува седум руски банки од меѓународниот платен систем СВИФТ.
„Руската инвазија е едностран обид насилно да се промени статусot кво и да се разнишаат темелите на меѓународниот поредок, не само во Европа и Азија“,
рече Кишида.
Јапонија, која сака да ја врати контролата врз некои острови контролирани од Русија, што ги спречува двете земји да потпишат мировен договор со кој формално би завршиле нивните непријателства во Втората светска војна, претходно не сакаше да воведе строги санкции кон Русија.