Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека, после шестнаесет години, колку што со Министерството за животна средина во континуитет раководат кадри на ДУИ, да излезеш и да тврдиш дека во фокус на својата партија ја ставаш зелената агенда, нема никаква логика
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ оцени вечерва дека новината што попладнево ја најави лидерот на ДУИ Али Ахмети е, всушност, дефокус на јавноста од вистинските проблеми со кои се соочува државата.
„Тоа е најдобриот пример како да се долови поентата кога некој најавува нешто такво, што е добар дефокус за јавноста кога излегува со една таква тема. Она што го видовме во последните неколку години, покрај интересот за еврата, парите, криминалот и корупцијата, единствено зелено предводено од оваа Влада се лагите кои што ги пласираа на оваа тема, во однос на заштитата на животната средина и екологијата“,
рече Јанушев, во гостување на вестите на Сител.
Единствено зелено што гледам во некоја конотација во однос на зелената боја помеѓу СДСМ и ДУИ е зелената боја на еврата, рече Јанушев, во однос на ребрендирањето на владејачката ДУИ.
.
Јанушев додаде дека, после шестнаесет години, колку што со Министерството за животна средина во континуитет раководат кадри на ДУИ, да излезеш и да твдриш дека во фокус на својата партија ја ставаш зелената агенада, нема никаква логика, и тие две работи, како што нагласи, не одат во иста реченица. Тој потенцираше дека на земјава не ѝ требаат документи и платформи со фокус за заштита на животната средина, затоа што таа веќе има такви документи и конвенции со кои како држава учествува на највисокото светско ниво во оваа проблематика. На Македонија, рече, ѝ треба имплементација на овие документи.