Специјалната обвинителка Катица Јанева за во 13 часот најавила обраќање за медиумите, но нема да дозволи новинарите да и поставуваат прашања, потврдуваат од Специјалното јавно обвинителство за „360 Степени“.
Од Обвинителството не кажуваат дали Јанева официјално го прекинала боледувањето. Таа во зградата на СЈО е од утрово, но дознаваме дека досега не свикала колегиум.
Јанева си поднесе оставка пред една недела истиот ден кога Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага за аферата „Рекет“, при што беа приведени „Боки 13“ и „Зоки-Кичеец“ и им беше одреден притвор.
Осомничените се товарат за трговија со влијание и перење пари. Рекетот го спроведувале повикувајќи се на влијание кај јавен обвинител. Во рамките на истрагата засега на Јанева и се одземени два мобилни телефона.