Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, на крајот од денешното сведочењето на Лиле Стефанова во случајот „Рекет“, упати погрдни зборови кон поранешната колешка.
„Гомнарка, ороспија“, рече Јанева коментирајќи го сведочењето на Стефанова додека таа се подготвуваше да замине од судница. На ова реагираше и судијката Васка Николовска-Масевска, која нареди Јанева да биде отстранета од судницата.
Јанева на излегување од судницата се сврте кон новинарите и прокоментира: „Мачето ѝ го возев, затоа не чинам“.
Обвинителката Лиле Стефанова, која и во времето на СЈО и сега го води предметот „Империја“, денеска на судењето за „Рекет“, во кој обвинети се Бојан Јовановски и Катица Јанева, сведочеше за начинот на кој се водела истрагата, за пресвртните моменти и за притисоците и ургенциите со кои се соочувала.