Јас не би сакал да го преземам ВМРО-ДПМНЕ на начинот на којшто Христијан Мицкоски стана претседател, реагира Митко Јанчев откако по неговото вчерашно интервју за „Фокус“ во кое рече дека е подготвен да ја преземе партијата, Тимо Муцунски му возврати дека таа не е акционерско друштво.
„Се согласувам дека ВМРО-ДПМНЕ не е АД, и уште помалку сметам дека е ДООЕЛ. Се согласувам дека статусот и функцијата треба да се добијат демократски, односно целосно спротивно од начинот на кој Мицкоски беше избран. Беше единствен кандидат форсиран и определен од поединци. Јас не би сакал да го преземам ВМРО-ДПМНЕ на начинот на којшто Мицкоски стана претседател. Напротив, ќе се борам партијата да се нормализира и демократизира. Да се организира фер и демократски конгрес на кој ќе може да учествува секој чесен вмровец кој има визија, програма и енергија да го врати ВМРО на победничката патека“,
вели Јанчев во новата изјава која ја пренесува „Фокус“.
Тој додава дека во партијата е слично како и во бизнисот, не може да се оди напред ако се толерираат оние кои прават сплетки и кои се губитници.
Целата изјава на Јанчев можете да ја прочитате ТУКА.
*Поврзани вести:
Митко Јанчев: Мицкоски ги потценува сопартијците, јас ќе ја преземам ВМРО-ДПМНЕ
Муцунски му возвраќа на Јанчев: ВМРО-ДПМНЕ не е акционерско друштво за да се преземе