Според интерните податоци кои стигнуваат до партијата од избирачките места низ општината, тесна е разликата меѓу Јакимовски и неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски
Актуелниот градоначалник на Карпош и кандидат за нов мандат од коалицијата „Искуство за успех“, Стевчо Јакимовски, и неговите приврзаници, на видеобим пред штабот ги анализираат резултатите од вториот круг на локалните избори за Карпош.

Според интерните податоци кои стигнуваат до партијата од избирачките места низ општината, тесна е разликата меѓу Јакимовски и неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски.
Според првичните податоци од изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, во Карпош, Сотир Лукровски има 4 750 гласа, додека, пак, Јакимовски има 3 914 гласа.
