Судија на претходна постапка му изрече мерка притвор на лицето со иницијали Г.Б., а како што објавија повеќе медиуми, се работи за Габриел Бајрам – советник во Град Скопје и син на поранешниот пратеник Амди Бајрам
Инцидентот, како што информира Министерството за внатрешни работи, се случил на 28.07.2022 околу 23:30 часот во угостителски објект на подрачјето на Чаир, кога осомничените физички нападнале вработено лице во угостителскиот објект и оштетиле дел од инвентарот во објектот
Судија на претходна постапка му изрече мерка притвор на лице со иницијали Г.Б., а како што објавија повеќе медиуми, се работи за Габриел Бајрам – советник во Град Скопје и син на поранешниот пратеник Амди Бајрам.
Против Бајрам и неговиот 21-годишен син, како што објави Основното јавно обвинителство Скопје, поведена е постапка поради сомнение за кривично дело – насилство. Обвинителството информира дека осомничениот и неговиот син на 28 јули извршиле насилство врз едно лице во угостителски објект на булеварот „Словенија“ во Скопје додека биле на семејна роденденска прослава.
„Оштетениот одбил на еден од присутните гости на прославата да му даде чинии за кршење. Во тој момент, осомничениот се упатил кон шанкот и со рака замавнал кон шишињата и чашите, фрлајќи ги кон лицето на оштетениот. Оштетениот успеал да се заштити со рацете, по што осомничениот започнал да го удира со боксови во пределот на главата. Кон ударите се придружил и неговиот син, а за цело време двајцата осомничени упатувале пцовки и закани кон нападнатото лице“,
наведуваат од Обвинителството.
Како што додаваат оттаму, оштетениот се здобил со телесни повреди по главата и телото, а насилството предизвикало чувство на несигурност и страв кај други присутни сведоци на настанот.
„Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот 41-годишник, оценувајќи дека постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото, со оглед дека се работи за лице кое и претходно е осудувано за повеќе слични кривични дела. Исто така, постои и опасност осомничениот да му се заканува или да го нападне оштетениот во обид да го принуди да го смени исказот. За неговиот 21-годишен син, пак, предложени се мерки на претпазливост“,
додаваат од Обвинителството.
Инцидентот, како што информира Министерството за внатрешни работи, се случил на 28.07.2022 околу 23:30 часот во угостителски објект на подрачјето на Чаир, кога осомничените физички нападнале вработено лице во угостителскиот објект и оштетиле дел од инвентарот во објектот.