Во меѓувреме, околу 577 000 лица примиле и третата доза на вакцината, а 5,4 милиони од вкупно 9,3 милиони жители се ревакцинирани
Во Израел денеска е соопштено дека во последните 24 часа се регистрирани повеќе од 6 000 нови заразени со коронавирус, најмногу од почетокот на февруари.
Биле направени повеќе од 130 000 тестови, а речиси пет проценти се позитивни.
Речиси 400 пациенти се во сериозна здравствена состојба и 64 се на респиратор, два дена откако израелската Влада воведе построги ограничувања за да го спречи ширењето на делта сојот во земјата.
Во меѓувреме, околу 577 000 лица примиле и третата доза на вакцината, а 5,4 милиони од вкупно 9,3 милиони жители се ревакцинирани, пренесуваат израелските медиуми.
Во Израел, сепак, се уште има околу милион граѓани на возраст од 12 години и постари кои не ја примиле првата доза.
Американскот Центар за контрола и превенција на болести вчера го додадоа Израел на листата на земји со најголем ризик и ги советуваат своите граѓани да ги избегнуваат патувањата во оваа земја.
Тие, исто така, предупредија дека поради моменталната ситуација во Израел, дури и целосно вакцинираните патници може да бидат изложени на ризик да се заразат и да го шират вирусот.
Препораката ги вклучува и Западниот брег и појасот Газа.
Израелските граѓани повторно се загрижени од нов карантин, но министерот за здравство Никан Хоровиц вчера кажа дека општиот карантин е последната опција и дека Владата ќе стори сé да спречи до тоа да дојде.
Покрај воведувањето пропусници за вакцинираните лица, за оние кои прележале ковид-19 или имаат негативен тест, Израел ги заострува мерките и на границите.
Патниците кои доаѓаат од речиси сите земји во светот, освен десет од листата, ќе мора да одат во продолжена изолација, без разлика дали се вакцинирани.