Со Појасот Газа долго време владее Хамас кој не сака мир со Израел и го нападна на 7 октомври предизвикувајќи разорна војна во Појасот Газа, што поттикна насилство на Западниот Брег, каде што Израел има големи еврејски населби
Израел денеска оцени дека планот на четири европски земји да работат во насока на признавање на палестинската држава е награда за тероризмот и ќе ги намали изгледите за договорено решение на израелско-палестинскиот конфликт.
Шпанија во петокот објави дека се договорила со Малта, Ирска и Словенија да ги преземе првите чекори кон признавање на палестинската државност во окупираниот Западен Брег и Појасот Газа.
Со Појасот Газа долго време владее Хамас кој не сака мир со Израел и го нападна на 7 октомври предизвикувајќи разорна војна во Појасот Газа, што поттикна насилство на Западниот Брег, каде што Израел има големи еврејски населби.
„Признавањето на палестинската држава по масакрот на 7 октомври испраќа порака до Хамас и другите палестински терористички организации дека на крвожедните терористички напади против Израелците ќе се одговори со политички гестови кон Палестинците“,
објави израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац на социјалната мрежа Икс.
Според него, решавањето на конфликтот ќе биде можно само преку директни преговори меѓу двете страни.
„Секој ангажман за признавање на палестинската држава само го унапредува постигнувањето решение и ја зголемува регионалната нестабилност“,
напиша Кац без да прецизира какво решение има на ум.