Израелски официјален претседавник за Ројтерс изјавил дека некои од војниците што се повлечени од јужниот дел на Газа ќе бидат подготвени за ротација на северната граница со Либан, каде што милитантите на Хезболах разменуваат оган со Израел во знак на солидарност со Палестинците
Израел повлекува дел од своите војници од Газа, кои планира да ги прераспореди на други позиции во воените операции против Хамас, изјавил денеска израелски претставник, пренесува „Гардијан“.

Официјалнииот претставник, чиj идентитет не се наведува, рекол дека повлекувањето е фокусирано на припадниците на резервниот состав на израелската армија. Според податоците, Израел за војната со Хамас во Газа има подготвено околу 300 000 резервисти.
Израелскиот претседавник за Ројтерс изјавил дека некои од војниците што се повлечени од јужниот дел на Газа ќе бидат подготвени за ротација на северната граница со Либан, каде што милитантите на Хезболах разменуваат оган со Израел во знак на солидарност со Палестинците.
Израел на крајот на декември предупреди дека ако Хезболах не отстапи со нападите, една од можните последици е војна со Либан.
Инаку, и Хамас и Хезболах се поддржани од Иран, чии милитантни сојузници во Сирија, Ирак и Јемен, исто така, вршат напади со подолг дострел против Израел.
„Нема да се дозволи ситуацијата на либанскиот фронт да продолжи. Овој претстоен шестмесечен период е критичен момент“,
рекол функционерот.
Инаку, движењето на војниците, според анализите, можно е да сигнализира дека интензитетот на борбите во некои области на Газа се намалува, особено во северниот дел на енклавата каде израелската армија е сè поблиску до преземање оперативна контрола на областа.
Израел беше под притисок од својот главен сојузник, Соединетите Држави, да започне транзиција кон борби со помал интензитет.
Веста за повлекувањето на војниците доаѓа пред посетата на државниот секретар Ентони Блинкен на регионот и откако администрацијата на Бајден го заобиколи Конгресот по втор пат овој месец за да одобри итна продажба на оружје на Израел.
Пензионираниот бригаден генерал на израелската војска Шломо Бром, порано задолжен за стратешко планирање во армијата, за агенцијата Асошиејтед прес (АП) изјавил дека повлекувањето на израелските трупи е можно да е резултат на притисокот на САД. Тој рекол дека тоа укажува на промена на начинот на кој Израел водел војна во некои области.
„Војната никогаш не завршува. Тоа е почеток на еден поинаков начин на дејствување“,
рекол тој.
Израелците сè уште во голема мера ги поддржуваат целите на војната, иако цената на животот на војниците расте.
Во текот на викендот, војската соопшти дека од вкупно 172 загинати војници од почетокот на копнената операција во Газа, заклучно со денеска, 18 биле убиени од пријателски оган, додека други 11 загинале од неисправно оружје или опрема.

Во меѓувреме, жестоките борби продолжуваат и во други области на Газа, особено во јужниот град Кан Јунис и централните области на територијата. Израел вети дека ќе продолжи сè додека не се исполнат неговите воени цели, вклучително и пораз на Хамас, кој владее со Газа 16 години.
Во Кан Јунис, каде што се верува дека Израел има илјадници војници, жителите пријавија воздушни напади и гранатирање во западниот и централниот дел на градот, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.
Палестинската Црвена полумесечина на социјалната платформа „Икс“ објави дека со хеликоптер пренела неколку мртви и повредени по нападот на 31 декември 2023 година доцна во ноќта на плажата во Кан Јунис. Организацијата објави снимка, на која може да се види како медицинските лица ги префрлаат настраданите во амбулантни возила.
?The Palestine Red Crescent teams transported several martyrs and injuries ? due to the Israeli shelling of a house in #KhanYounis.
— PRCS (@PalestineRCS) January 1, 2024
?Videography: PRCS volunteer, Talat El-Agha#Gaza pic.twitter.com/4ncdeAdhfs
Пријавени се и борби во урбаните бегалски кампови во центарот на Газа, каде што Израел ја прошири својата офанзива минатата недела.
Израелската војската соопшти дека во воздушен напад на градот Деир ал Балах бил убиен Адел Мисмах, регионален командант на елитните сили на Хамас – Нукба.
Од другата страна, додека часовникот отчукуваше полноќ на новогодишната ноќ, Хамас истрела голема салва од ракети кон Израел, вклучително и кон трговскиот центар на земјата Тел Авив.
Денеска Министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел на 7 октомври, досега се убиени 21 978 Палестинци. Смртниот биланс, како што се наведува, ги вклучува и 156-те лица кои ги загубиле животите во последните 24 часа.