Локални извори кои ги цитира Ројтерс велат дека нападите биле насочени кон пунктови на сириската армија во близина на градот Хомс и воздушната база во областа
Израел нападна цели во провинцијата Хомс во Сирија, северно од Либан, убивајќи или ранувајќи голем број луѓе, соопшти сириската армија, пренесе Ројтерс. Локални извори велат дека нападите биле насочени кон пунктови на сириската армија во близина на градот Хомс и воздушната база во областа.

Државните медиуми во Сирија пренесоа дека сириската противвоздушна одбрана соборила голем број проектили, не наведувајќи детали за погодените цели. Воен извор подоцна за државните медиуми во Сирија изјавил дека има неколку жртви и повредени лица, како и предизвикана материјална штета. Меѓу загинатите се и двајца цивили.
По нападот на Хамас од 7 октомври, Израел ги зголеми своите напади врз цели поддржани од Иран во Сирија.