Обработени, според ДИК, се 3 270 избирачки места на кои се запишани вкупно 1 711 259 избирачи. До 18:30 часот, според податоците на Државната изборна комисија, на овие избирачки места гласале 827 990 избирачи
Со обработени 94 отсто од избирачките места, излезеноста на гласачите до 18:30 часот во првиот круг од претседателските избори е 48,38 проценти, покажуваат последните ажурирани податоци на Државната изборна комисија (ДИК) на веб-страницата rezultati.sec.mk.

Обработени, според ДИК, се 3 270 избирачки места на кои се запишани вкупно 1 711 259 избирачи. До 18:30 часот, според податоците на Државната изборна комисија, на овие избирачки места гласале 827 990 избирачи.
Најголема излезеност, како и досега, има во Новаци, 71,07 отсто, а најниска во Центар Жупа (16,90 отсто).
Гласањето, како што соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, помина мирно и без поголеми инциденти. Уважени се 174 приговори и им е овозможено избирачки право на гласачите.