Во тој контекст, се додава во соопштението од МНР, било укажано дека ваквото однесување „може да наметне потреба од соодветна институционална реакција согласно со одредбите на Виенската конвенција за дипломатски односи. Конвенцијата, се вели, јасно ги утврдува рамките на дипломатското дејствување и принципот на немешање во внатрешните работи на државата на прием
Инаку, изјавата на која реагираат од македонското МНР, бугарскиот министер за внатрешниот работи Иван Демерџиев ја даде во интервју за поткаст, повторувајќи го ставот дека Бугарија ниту ќе ја бара ниту ќе ја предаде Михаилова на „српските власти“. На прашање на новинарот дали станува збор за ненамерна грешка или, пак, намерно ја споменал Србија, со тоа што македонските власти ги нарекува српски, Демерџиев одговори дека се работи за грешка, која, како што додава, според него не била толку голема
Претставник на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, кој во отсуство на амбасадорот ја извршува функцијата вршител на работи, денеска бил повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во врска изјави на високи функционери во Софија во врска со случајот со Ива Михаилова.

Конкретно, како што соопштија од македонското МНР, на средбата било изразено незадоволство од неодаменшната изјава на бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, која била оценета како навредлива и провокативна.
Мешање во внатрешните работи на Македонија
Дополнително, од Минисерството за надворешни работи и надворешна трговија изразиле незадоволство и од изјавата на амбасадорот на Бугарија во земјава, Жељазко Радуков, за бугарската БТВ, во која рече дека би бил изнанаден ако македонските власти не знаеле за заминувањето на Михаилова од Македонија.
Ваквата изјава на Радуков од ресорното Министерство ја оценуваат како директно мешање во внатрешните работи на Македонија, поради изнесените квалификации во однос на работата на надлежните институции.
„Од наша страна беше посебно нагласено дека ваквите провокации го оддалечуваат билатералниот дијалог од рамката во која треба да се развиваат добрососедските односи – врз основа на меѓусебно почитување, воздржаност и конструктивна комуникација“,
се вели во соопштението од македонското МНР.
Во тој контекст, се додава во соопштението, било укажано дека ваквото однесување „може да наметне потреба од соодветна институционална реакција согласно со одредбите на Виенската конвенција за дипломатски односи. Конвенцијата, се вели, јасно ги утврдува рамките на дипломатското дејствување и принципот на немешање во внатрешните работи на државата на прием.
На крајот од средбата со претставникот на бугарската aмбасада во земјава, уште еднаш била нагласена нашата посветеност на развојот на добрососедските односи, а засновани на меѓусбено почитување, доверба и европски принцип.
„Истата посветеност и одговорност ја очекуваме и од бугарската страна“,
било кажано на средбата, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Што кажа Демерџиев
Инаку, изјавата на која реагираат од македонското МНР, бугарскиот министер за внатрешниот работи Иван Демерџиев ја даде во интервју за поткаст, повторувајќи го ставот дека Бугарија нема да ја екстрадира 23-годишната Ива Михаилова, по која македонските властио имаат распишано меѓународна потерница.

Во изјавата Демерџиев во еден момент вели дека Бугарија ниту ќе ја бара ниту ќе ја предаде Михаилова на „српските власти“.
„Ива Михаилова не е барана од нас, нашата дирекција за меѓународно и оперативна соработка доби барања таа да биде екстрадирана, но одговорот е негативен, ниту ќе ја бараме ниту ќе ја предадеме на српските власти. Имаме причина, таа е граѓанин на Бугарија поради што стрикно ги приложивме соодветните процедури и закони. И ниту ќе ја бараме, ниту пак ќе ја предадеме“,
изјави Демерџиев.
На прашање на новинарот дали станува збор за ненамерна грешка или, пак, намерно ја споменал Србија, со тоа што македонските власти ги нарекува српски, Демиерџиев одговори дека се работи за грешка, која, како што додава, според него, не била толку голема.
„Беше грешка, но да кажеме дека, не толку голема грешка. Властите на Република Северна Македонија да бидам по прецизен“,
кажа Демерџиев.
Што се однесува до бугарскиот амбасадор во земјава, Жељазко Радуков, тој во интервју за БТВ, изрази сомнеж дека Ива Михаилова ја напуштила Македонија без знаење на властите. Тој кажа дека не може да го потврди тоа, но би бил „исклуително изнанаден ако не било координирано“.
Амбасадорот својот го образложи со тврдењата дека Михаилова била на стоп-листа, со одземени пасоши и под полициски надзор. Според него, пред домот имало патрола, а цивилни полицајци ја следеле кога излегувала. Таа му кажувала и за дронови над куќата.
Радуков, истовремено негираше дека тој или бугарската држава однапред знаеле за заминувањето. Амбасадата, според него, дознала од медиумите, додека очекувала продолжување на судската постапка и разгледување на можностите за лекување со учество на бугарски лекари.
Бугарскиот амбасадор наведе оти не го поддржува заминувањето, иако ја разбира очајната состојба на Михаилова.
Инаку, Радуков минатата недела беше повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на земјава откако се дозна дека Ива Михаилова се наоѓа во Бугарија. На Радуков тогаш, како што соопштија од Министерството, меѓу другото, му било посочено дека начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија, вклучително и најавите за нејзин прием на високо ниво, е провокација која ги подрива напорите за градење доверба и е спротивно на заложбите за развој на добрососедските односи.

Сè уште трае истрагата како Ива Михаилова заминала од Македонија во Бугарија
Засега не се знае на кој начин Михаилова ја поминала границата меѓу Македонија и Бугарија, односно како излегла од државава и влегла во Бугарија, а одговорот се очекува да го даде истрагата што ја спроведува Министерството за внатрешни работи.
Минатата недела оттаму соопштија дека во системот за гранична контрола нема евидентиран нејзин излез од државата. Според Министерството, преку заедничкиот контакт-центар биле направени проверки и кај бугарската гранична полиција, од каде што добиле информација дека нема евидентиран ниту легален влез во Бугарија.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека истрагата треба да покаже како Михаилова ја напуштила државата. Тој ги отфрли тврдењата дека таа со адвокатот поминала преку редовна гранична контрола со знаење на службите.
Од Јавното обвинителство посочија дека уште на 9 октомври 2025 година на Михаилова ѝ биле одземени македонскиот и бугарскиот пасош, а дополнително, ѝ биле изречени забрана за преминување на државната граница со лична карта, забрана за напуштање на Кочани и обврска да се јавува кај службено лице. Ризикот од бегство, според Обвинителството, бил една од клучните причини поради кои повеќепати давало негативно мислење за враќање на патната исправа.
Откако било утврдено дека не се јавила во полиција и не била пронајдена на домашната адреса, Основниот суд Кочани на предлог на кочанското Основно јавно обвинителство на Михаилова и одреди притвор, по што по неа беше распишана меѓународна потерница.
Но, откако од бугарска страна беа посочени уставни и законски ограничувања за нејзина екстрадиција, премиерот Христијан Мицкоски најави дека прашањето ќе биде отворено пред партнерите во НАТО и Европската Унија. Тој рече дека, по завршувањето на истрагата, дел од доказите ќе им бидат презентирани на сојузниците, истовремено отфрлајќи ги обвинувањата дека заминувањето било договорено меѓу властите на двете земји.
Инаку, против Михаилова се води судска постапка за сообраќајната несреќа од 7 октомври 2025 година на патот Кочани–Штип, во која загина едно лице, а повеќе беа повредени, меѓу кои и таа.
