Набргу по избувнувањето, пожарот е изгаснат од страна на скопската противпожарна бригада, информираат од ЦУК
По објавувањето на информациите дека гори депонијата „Дрисла“, од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека пожарот е веќе изгаснат.
„Утрово се појавил мал пожар на скопската депонија ’Дрисла’ кој набргу по избувнувањето бил изгаснат од страна на скопската противпожарна бригада“,
информираат од ЦУК.
Од утрово на социјалните мрежи се шират видеа во кои се гледа дека црн чад се издигнува од депонијата „Дрисла“.
Пожарот, како што велат жителите од околните села, е од раните утрински часови. Тие се жалат дека се шири чуден мирис и поради тоа се сомневаат во тоа што гори.
