За актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП и коалицијата) гласале 77,86% од гласачите, додека за Драган Приморац (ХДЗ и коалицијата) 22,14%

Во 19 часот се затворија гласачките места за вториот круг од претседателските избори во Хрватска. Според резултатите од првите излезни анкети, за актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП и коалицијата) гласале 77,86% од гласачите, додека за Драган Приморац (ХДЗ и коалицијата) 22,14%.
Право на глас на претседателските избори имаа 3 769 000 гласачи, а се гласаше на 6 650 гласачки места во Хрватска и 105 во странство.
Првите гласачки места беа отворени вчера во 21 часот во Австралија, а последните денеска, во Лос Анџелес во 16 часот.
До 17 часот, излезеноста на гласачите, како што објави хрватската државна изборна комисија, изнесуваше 34,77%, што значи помала излезеност од пред две недели, кога до 16.30 часот гласаа 36,9% од гласачите.
Првите резултати од изборите ќе бидат објавени во 19.30 часот од страна на хрватската државна изборна комисија.