Од денеска е укинат карантинот за патниците од земјите-членки на Европска Унија, од Велика Британија и од Израел, но, за влез во земјтата и понатаму е потребен негативен тест на ковид-19
Во Италија од денеска е укинат карантинот за патниците од земјите-членки на Европска Унија, од Велика Британија и од Израел. Но, за влез во земјтата и понатаму е потребен негативен тест на ковид-19.
Минатата недела беше најавено укинување на карантинот за посетителите од ЕУ, од Израел и од Велика Британија со цел да се помогне на туризмот.
Во Италија за Велигден беше воведен петдневен карантин.
Италија, првата европска земја каде се појави ковид-19, по строгите рестриктивни мерки воведени во текот на зимата и забрзаната вакцинација, бројот на новозаболени лица на дневно ниво се намали под 10 000. но, се уште е голема бројката на смртни случаи односно околу 200 починати на дневно ниво.
Италија по смртност од ковид е на второ место во Европа, по Велика Британија.