„Затекнат е како прима поткуп од едно од лицата, кое по претходен телефонски разговор е договорено да му исплати пари со цел да изврши селска сеча на планината Огражден“, се вели во соопштението од ОЈО Струмица
Вработен во „Национални шуми“, подружница „Беласица“ во Струмица, во период од септември 2020 до ноември 2024 година, на неколку лица им овозможил да добиваат дозволи за селска сеча, а потоа дрвата да им ги продаваат на трети лица. За возврат директно барал и добивал поткуп од 200 евра месечно.
Од Основното јавно обвинителство Струмица информираат дека е донесена наредба со спроведување истражна постапка за примање поткуп против службено лице.
„Вработениот во ‘Национални шуми‘, подружница Струмица, е затекнат како прима поткуп од едно од лицата, кое по претходен телефонски разговор е договорено да му исплати пари со цел да изврши селска сеча на планината Огражден“,
се вели во соопштението од ОЈО Струмица.
По предлог на јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Струмица на осомничениот му определил притвор од 30 дена.