Поради опасност осомничениот да побегне или да се обиде да влијае врз сведоците, од страна на јавен обвинител до судот во Гостивар е доставен предлог да му се определи мерка притвор
Полицајци пред два дена се впуштиле во потера по триесетгодишен гостиварец со автомобил марка „мерцедес“, бидејќи не застанал на нивен знак кај каменоломот „Јефута“ на магистралниот пат Маврово – Гостивар и со уште поголема брзина продолжил по патот.
Додека го следеле полицајците, забележале дека преку прозорецот на автомобилот фрла автоматска пушка.
Според информациите од Основното јавно обвинителство Гостивар, донесена е наредба за спроведување истражна постапка поради сомневање дека лицето сторило кривично дело за неовластено изработување, држење и тргување со оружје и експлозивни материи.
„Подоцна осомничениот е запрен и приведен, а пронајдена е и автоматската пушка со вграден бајонет, чие поседување за граѓаните е целосно забрането, како и рамка со два куршуми со калибар 7,62 милиметри“,
се вели во соопштението од ОЈО Гостивар.
Поради опасност осомничениот да побегне или да се обиде да влијае врз сведоците, од страна на јавен обвинител до судот во Гостивар е доставен предлог да му се определи мерка притвор.