„Увидот на надлежните служби веќе е завршен и трговскиот центар продолжува да работи со редовниот режим на работа. Во трговскиот центар функционираат повеќе системи со кои се осигурува безбедноста на посетителите вклучувајќи и постојано физичко обезбедување и мониторинг и е целосно безбеден за посетителите“, се наведува во соопштението од „Ист гејт мол“
По вооружениот инцидент, во кој денеска попладне беше пукано кон 39-годишен скопјанец во гаражите на „Ист гејт“, од трговскиот центар се огласија со соопштение.

Во него се наведува дека согласно утврдените безбедносни сценарија и протоколи за работа, трговскиот центар ги обезбеди сите потребни мерки да продолжи нормално со работа.
„Согласно информациите со кој располагаме, се работи за изолиран инцидент и не е поврзан со општата безбедност на посетители во трговскиот центар. Увидот на надлежните служби веќе е завршен и трговскиот центар продолжува да работи со редовниот режим на работа. Во трговскиот центар функционираат повеќе системи со кои се осигурува безбедноста на посетителите вклучувајќи и постојано физичко обезбедување и мониторинг и е целосно безбеден за посетителите“,
се наведува во соопштението од „Ист гејт мол“.
Инаку, како што информираа од Министерството за внатрешни работи, денеска попладне околу 16 часот лице кое било со возило „ауди“ пукало кон 39-годишен скопјанец со иницијали Р. Т., но не го погодило. Во пукањето немаше повредени лица.
„На 25.08.2023 година околу 15.50 часот во СВР Скопје е добеина пријава дека во трговски центар во Скопје едно лице кое било со патничко возило „ауди“ пукало кон Р.Т. (39) од Скопје, но не го погодило. Во возилото, според пријавеното, имало уште едно лице. Повредени лица нема“,
информираа од МВР.

За пукањето е известен јавен обвинител и се преземаат марки за расчистување на случајот.
Како што пренесоа медиумите, повикувајќи се на свои извори, во гаражите на трговскиот центар било пукано кон лицето Раде Трајковски со прекар Штекли, кој се бараше со меѓународна потерница за издржување на казна затвор за тешки телесни повреди.
Тој лани во февруари беше екстрадиран од Србија во С Македонија, по што беше спроведен во Истражниот затвор „Скопје“. Тој се бараше за издржување на затворска казна од шест месеци.
Автомобилот кој бил користен во нападот, според извори на ТВ Телма од истрагата, е пронајден запален кај езерото Треска кон селото Грчец.