Поради страв од недостиг на гас оваа зима, 27-те земји на ЕУ почнаа да го складираат овој енергенс минатата година. Нивото на заедничките резерви на гас се искачи на 82 проценти до септември, што е повеќе од целта од 80 отсто поставена за ноември. За тоа придонесе и падот на потрошувачката на гас од 20 отсто од август до ноември поради растот на цените
Капацитетите за складирање природен гас во Европската Унија се полни речиси 84 отсто и покрај обидите на Русија да го спречи снабдувањето за европските земји, објави Европската комисија.
Според проценката на ЕК, нивоата на заеднички складираниот природен гас во декември биле за 13 проценти повисоки од просекот на Унијата во периодот од 2016 до 2018 година.
„Имаме здраво ниво на складирање на гас за почетокот на оваа година, но во никој случај не сме задоволни. Знаеме дека оваа година ќе продолжи да биде предизвикувачка“,
изјави портпаролот на Комисијата на ЕУ, Тим Мекфи.
Поради страв од недостиг на гас оваа зима, 27-те земји на ЕУ почнаа да го складираат овој енергенс минатата година. Нивото на заедничките резерви на гас се искачи на 82 проценти до септември, многу пред целта од 80 отсто поставена за ноември. За тоа придонесе и падот на потрошувачката на гас од 20 отсто од август до ноември поради растот на цените.
Налутена од санкциите на Европската Унија поради војната, Русија минатата години значително ги намали испораките на гас за земјите од ЕУ. Пред почетокот на руската инвазија на Украина, Европа набавуваше 40 отсто од вкупното количество гас од Русија, а сега само околу девет отсто.
Првата редовна испорака на течен природен гас од САД пристигна во Германија во вторникот, како дел од напорите на земјите од ЕУ да најдат нови добавувачи и да ги заменат ресурсите што порано ги обезбедуваа од Русија.