Заклучно со денешниот ден, како што информираат од Црвениот крст, во рамки на хуманитарната акција за поддршка на настраданите од пожарот во Кочани се собрани собрани 61 852 758 денари
Извршена е исплата на средствата во висина од 150 илјади денари на семејствата на починатите и повредените лица што се лекуваат во странство од трагедијата во Кочани, информираат денеска од републичкиот Црвен крст.
„Опфатени се 58 семејства на починатите лица, вклучувајќи го и тоа на починатиот возач на Брзата помош во Кочани, како и 91 семејство од повредените лица што се хоспитализирани во болниците надвор од државата. За секое лице се исплатени по 150 илјади денари“,
се вели во соопштението од Црвениот крст.

Оттаму посочија дека за две семејства на починатите лица, како и за 24 семејства на повредените што се лекуваат во странство се чекаат дополнителни податоци, со цел и на нив да им се изврши исплата.
Заклучно со денешниот ден, како што информираат од Црвениот крст, во рамки на хуманитарната акција за поддршка на настраданите од пожарот во Кочани се собрани се собрани 61 852 758 денари.