Функционерот на ДУИ, Исмет Гури демантира дека предизвикал инцидент пред почетокот на денешниот протест на семејството и поддржувачите на Ел Чека.
Тој го тврди спротивното. За Алсат вели дека во близина на демонстрантите, во трафика купувал цигари кога некој го удрил од зад грб и го оставил во бесознание. Гури вели дека тој бил жртвата а не братот на Ел Чека. Полицијата, според него, интервенирала да го заштити од толпата, по што бил однесен во болница.
Мајката на Ел Чека претходно се пожали дека Гури пред да пристигнат новинарските екипи го физички го нападнал со другиот нејзин син, братот на Ел Чека, Блерим Амети а во тепачката се вмешала и настрадала и таа лично.