Братот на Ел Чека, Блерим Амети денеска бил нападнат од функционерот на ДУИ, Исмет Гури јави ТВ Алсат. Телевизијата го пренесува сведоштвото на мајката на Амети. Таа рекла дека нападот врз нејзиниот син се случил непосредно пред почетокот на протестот организиран од семејството на Ел Чека. Според очевидци, како што пренесува Алсат, крв на рацете била забележана и кај мајката на Амети, која се обидела да го одбрани синот од нападот на Гури. Алсат јавува дека на местото на инцидентот интервенирала полицијата, а нападот се случил пред пристигнувањето на репортерските екипи.
Македонија