Попладнево во познатата миланска катедрала Дуомо се случи вооружен напад, кога непознато лице извадило нож и му се заканувал на чуварот. Тој го задржал чуварот како заложник, но за среќа полицијата која се нашла во близина брзо реагирала.
Како што јавува АФП, полицијата успеала со преговори со напаѓачот да го убеди да го ослободи чуварот и да се предаде, по што тоа и се случило.
Инцидентот го испитува миланската антитерористичка полиција, но не открива детали, освен дека напаѓачот е странски државјанин.