Од речиси секое украинско семејство има член кој директно учествува во одбраната на земјата. Таков е случајот со Олена Сомер која живее во Финска, а потекнува од Одеса, град на југот на Украина од каде доаѓа најсилниот руски удар
Сомер, чии брат и чичко се борат во украинската армија, во интервју за „360 степени“ раскажува за состојбата и животот на нејзините роднини во Одеса по почетокот на руската инвазија врз Украина.

„Моите родители секоја ноќ ја поминуваат во подрум, постојано се слуша сирена за воздушна тревога. Во областа на Одеса има загинати. Многу се. Мојот чичко се пријави во доброволци, мојот брат го однесоа во армијата и сега со нив немаме контакт“,
вели Сомер.
Погледнете го видеото.