Илјадници фалсификувани медицински производи, средства за дезинфекција и 17 000 лажни тестови за ковид-19 биле запленети во рамки на меѓународна операција против шверц на храна, пијалоци и лекови, соопшти Интерпол.
„Додека земјите ширум светот продолжуваат со борбата со Ковид-19, криминалните мрежи кои ги дистрибуираат овие потенцијално опасни производи ја покажуваат само својата решителност да профитираат“,
рече генералниот секретар на Интерол, Јирген Сток.
Од таму посочуваат дека во рамки на акцијата биле запленети и илјадници тони на храна со сомнително потекло и контаминирани млечни производи.
Акцијата била координирана од Интерпол и Европол и била спроведена во 77 земји во период од декември 2019 до јуни 2020 година. Од Интерпол информираат дека во неа разбиени се 19 криминлни организации, а упсени биле 407 лица.