Како што соопшти Љупчо Коцевски, постои основано сомнение дека првооосомничениот во истрагата, кој се јавува како закупец на објектот, реален сопственик и носител на целокупниот деловен потфат и работењето на клубот, во периодот од 13 февруари 2024 година до 13 февруари 2025 година директно на осомничено службено лице вработено во Министерството за економија дал поткуп за да обезбеди фалсификувана лиценца за вршење на угостителската дејност, за која објектот не ги исполнувал условите
Во видеото погледнете ја целата прес-конференција на државниот обвинител одржана денеска пред ОЈО Кочани
Државниот јавен обвинител Љубомир Коцевски денеска пред Основното јавно обвинителство во Кочани соопшти дека еден поранешен министер, ексдржавен секретар, раководител на сектор, раководител на одделение и помлад соработник, сите во Министерството за економија, се дел од 27-те осомничени за пожарот во Кочани.
Основното јавно обвинителство Кочани за нив денеска отвори истрага и предложи мерка 30-дневен притвор, која за дел од осомничените е веќе прифатена од надлежниот суд во Кочани.
Коцевски информираше дека тие со неизвршување на своите должности овозможиле објектот во Кочани во кој загинаа 59 лица да работи како кабаре клуб, иако за тоа не ги исполнувал условите.
Како што соопшти Коцевски, постои основано сомнение дека првооосомничениот во истрагата, кој се јавува како закупец на објектот, реален сопственик и носител на целокупниот деловен потфат и работењето на клубот, во периодот од 13 февруари 2024 година до 13 февруари 2025 година директно на осомничено службено лице вработено во Министерството за економија дал поткуп за да обезбеди фалсификувана лиценца за вршење на угостителската дејност, за која објектот не ги исполнувал условите.
Тој рече дека сите осомничени во периодот од 2012 година до 16 март 2025 година заеднички, но секој од аспект на своите надлежности, воопшто не постапиле според прописите и мерките за заштита, на тој начин предизвикувајќи тешки дела против општата сигурност.
Коцевски рече и дека за време на настапот на музичката група ДНК во кочанската дискотека „Пулс“ имало 650 гости, од кои најмалку 31 биле деца.