ИВС исто така наведува дека руската влада продолжува да ја зголемува контролата врз рускиот информативен простор. Еден руски воен блогер истакна дека обидите на Русија да го контролира информативниот простор „изгледаат како маче наспроти носорог“ во споредба со странски тинк-тенкови, непрофитни организации и независни медиуми
Во својата нова анализа на конфликтот во Украина, Институтот за воени студии (ИВС) наведува дека дводневното гранатирање на 20 и 21 ноември предизвикало голема штета на нуклеарната централа Запорожје, но дека не постои непосредна закана за нуклеарната безбедност. Тие тврдат дека континуираното претставување на нуклеарната закана е веројатно тактика со која Русите се обидуваат да ја консолидираат анектираната територија.
„Малку е веројатно дека само артилериските напади ќе ги пробијат запечатените единици што го штитат секој нуклеарен реактор. Континуираната конфлација на радиолошки и нуклеарни несреќи и постојаната дискусија за заканата од катастрофа во нуклеарната централа Запорожје веројатно е дел од пошироката руска информативна операција со цел да ја поткопа западната поддршка за Украина и да ја прикаже руската контрола врз електраната како клуч за избегнување нуклеарна катастрофа“,
се наведува во анализата.
Построга медиумска цензура
ИВС исто така наведува дека руската влада продолжува да ја зголемува контролата врз рускиот информативен простор. Еден руски воен блогер истакна дека обидите на Русија да го контролира информативниот простор „изгледаат како маче наспроти носорог“ во споредба со странски тинк-тенкови, непрофитни организации и независни медиуми. Поради оваа причина, велат тие, во Русија се подготвува нов закон кој дополнително ќе ја зајакне државната цензура врз медиумскиот простор.
ФСБ, исто така, подготвува декрет со кој ќе се забрани ширењето на информации за руската војска, што, наводно, исто така ќе стави построга контрола на дискурсот меѓу руските воени блогери и други такви извори кои често разговараат и ги критикуваат тактичките, оперативните и стратешките димензии на војна во Украина.
Two days of shelling caused widespread damage to the #Zaporizhzhia Nuclear Power Plant (ZNPP) on November 20 and 21. The #Russian government is continuing to escalate control over the Russian information space.
— ISW (@TheStudyofWar) November 22, 2022
The latest with @criticalthreats:https://t.co/zRYamJLCzJ pic.twitter.com/70Pj0w9q0Y
„И предлог-законот за Дума и декретот на ФСБ покажуваат дека руската влада се бори да го контролира информативниот простор, бидејќи се повеќе критики на руската војска доаѓаат и од внатре и од надвор“,
пишува ИСВ.
„Русите планираат лажни напади врз Белорусија“
ИВС наведува и дека украинските разузнавачи пријавиле дека руските специјални служби планираат лажни напади врз белоруската критична инфраструктура, особено врз нуклеарната централа Островец. Велат дека тоа е веројатно обид да се изврши притисок врз Белорусија да влезе во војна со Украина.
„ИВС претходно оцени дека влегувањето на Белорусија во војната е сè уште малку веројатно поради високиот внатрешен ризик што би го предизвикало мешањето за опстанокот на режимот на Александар Лукашенко. Малку е веројатно дека потенцијалните лажни напади ќе ги променат овие фактори“,
пишуваат тие во новата анализа.
Недостаток на дисциплина
Во својата анализа, ИВС се повика и на видео на кое се гледа дека украинските војници убиваат руски воени заробеници. Неколку руски воени блогери ја искористија содржината на видеото за да ја критикуваат руската војска и мобилизацијата. Еден забележа дека пукањата во Макиевка ги гледа како јасен пример за недостиг на основен морал и дисциплина кај мобилизираните регрути и тврдеше дека е смешно што толку многу руски војници на прво место им се предале на украинските трупи.
„Поделбата меѓу воените блогери кои го критикуваат пукањето во Макиевка е симбол на воените неуспеси на Русија, а Кремљ го користи за да промовира информативна операција против украинската војска што може дополнително да го фрагментира информативниот простор“,
пишува ИВС.