Во период од 28 март до 1 април Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) постапувал по пријава за фалсификувани средствата за дезинфекција „екосал“ и „дезинтал“, а надзорот е сè уште во тек, информираа денеска од Инспекцискиот совет.
ДПИ спроведе вкупно 4 261 контрола, а 823 биле за замрзнатите цени на производите, при што се утврдени помалку поскапувања на цитрусните и други производи. Таму каде што се констатирани повисоки цени, се вратени на претходното ниво.
Имало и 3 438 контроли на работата на трговските, услужните и угостителските објекти, но и визуелните контроли покажале дека поголемиот дел од угостителите ги почитуваат мерките.
Пазарните инспектори интензивно ги контролирале и кафематите, а при инспекциите во Штип е утврдено дека 34 кафемати не работат.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат, пак, извршил 74 надзори и издал 1 019 дозволи за влез на професионални возачи на товарни возила во нашата држава, а констатирано е дека возачите ги почитуваат пропишаните препораки.