Официјални индонезиски владини лица и медицински службеници изјавиле дека рускиот дипломат е хоспитализиран, но одбиле да бидат цитирани од Асошиејтед прес поради тоа што не биле овластени јавно да зборуваат за здравствените проблеми на Лавров
Во меѓувреме, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова демантираше дека шефот на руската дипломатија е хоспитализиран на Бали и го нарече извештајот како „врв на невистината“
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров наводно бил пренесен во болница набргу по пристигнувањето на самитот на Г-20 што се одржува на Бали, Индонезија.
Тројца индонезиски владини и медицински претставници изјавиле дека рускиот дипломат е хоспитализиран.
Официјални индонезиски владини лица и медицински службеници изјавиле дека рускиот дипломат е хоспитализиран, но одбиле да бидат цитирани од Асошиејтед прес поради тоа што не биле овластени јавно да зборуваат за здравствените проблеми на Лавров.
Лавров, наводно, се лекува на островот Бали.
Во меѓувреме, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова демантираше дека шефот на руската дипломатија е хоспитализиран на Бали и го нарече извештајот како „врв на невистината“.
„Ги читаме вестите и не можеме да им веруваме на нашите очи“,
додаде таа.
Шефот на руската дипломатија Сегеј Лавров е на Бали, наместо рускиот претседател Владимир Путин, кој одлучи да се воздржи од потенцијално непријатни средби со другите светски лидери присутни на самитот на Г-20.