Ако мисијата „Чандрајан 3“ биде успешна, Индија, покрај Соединетите Американски Држави, поранешниот Советски Сојуз и Кина, ќе биде четвртата земја која извршила „меко“ слетување на природниот сателит на Земјата. Истовремено Индија ќе стане и првата земја која успешно слетала на јужниот пол на Месечината
Индија е на пат да влезе во историјата со тоа што ќе стане првата земја која успеале да изврши „меко“ слетување на јужниот пол на природниот сателит на Земјата – Месечината, пренесуваат светските медиуми.
Индискиот вселенско летало „Чандрајан 3“ е на пат кон Месечината и треба да го почне спуштањето денеска неколку минути по 18 часот по индиско, односно 14 часот по македонско време.
Движејќи се кон Месечината, вселенското летало прави и испраќа фотографии од својата патека.
Една од главните цели на мисијата е да собере податоци кои треба да дадат одговор на претпоставките на научниците дека на јужниот пол има мраз, кој во иднина би можел да поддржи човечки живот на Месечината, пишува Би-би-си.
Ако мисијата „Чандрајан 3“ биде успешна, Индија, покрај Соединетите Американски Држави, поранешниот Советски Сојуз и Кина, ќе биде четвртата земја кој извршила меко слетување на природниот сателит на Земјата.
Chandrayaan-3 Mission:
— ISRO (@isro) August 22, 2023
The mission is on schedule.
Systems are undergoing regular checks.
Smooth sailing is continuing.
The Mission Operations Complex (MOX) is buzzed with energy & excitement!
The live telecast of the landing operations at MOX/ISTRAC begins at 17:20 Hrs. IST… pic.twitter.com/Ucfg9HAvrY
Истовремено Индија ќе стане и првата земја која успешно слетала на јужниот пол на Месечината. САД, поранешниот Советски Сојуз и Кина имаат постигнато меко слетување во близина на екваторот на Месечината, но ниту една од нив немала успешна мисија на нејзиниот јужен пол.
Инаку, обидот на Индија доаѓа само неколку дена откако рускиот вселенско летало „Луна 25“ се урна при обидот ја допре површината на истиот регион.
Сега, како што наведува Би-би-си, сите очи се вперени во „Чандрајан 3“, кој полета од вселенскиот центар „Сатиш Даван“ во Шрихарикота во јужна Индија на 14 јули.
Претходно во 2019 година, со тогашната мисија „Чандрајан 2“, Индија го имаше првиот обид за слетување во близина на јужниот пол на Месечината, кој беше неуспешен, откако леталото се урна поради софтверски проблем и тешкотии при сопирањето.
Инаку, „Чандрајан“ на древниот јазик санскрит значи „месечево возило“. Леталото со себе носи лендер – модул за слетување, наречен „Викрам“, по основачот на Индиската организација за вселенски истражувања (ИСРО), Викрам Сарабхаи. Во внатрешноста на лендерот е сместено возило – ровер, тежок 26 килограми, кој, пак, е наречен „Прагјаан“, што на санскрит значи „мудрост“, пишува Би-би-си.
Пред три дена, односно на 20 август, руската сонда „Луна 25“, која беше прва мисија на Месечината на Руската Федерација по речиси 50 години и ја имаше истата мисија како „Чандрајан 3“, се урна на површината на Месечината.
По неуспехот беше најавено формирање специјална комисија која ќе ги испитува причините за уривањето на сондата. Според првичните информации, сондата се урнала на Месечината по инцидент за време на маневрите пред слетувањето, а потврда за тоа пристигна и од руската државна вселенска агенција „Роскосмос“.