Индија воведе целосен карантин и забрана за движење на граѓаните во период од 21 ден, во обид да го запре ширењето на коронавирусот.
„Ќе има целосна забрана за излегување од вашите домови“,
рече премиерот Нарендра Моди во вчерашното телевизиското обраќање.
Индија, која има население од 1,3 милијарда жители, досега објави 519 потврдени случаи на коронавирус и 10 починати.
Сепак, дел од критичарите не веруваат дека карантинот ќе даде ефект, критикувајќи дека Индија не прави доволно тестови на сите сомнителни случаи, туку дека се тестираат само оние што дошле од ризичните земји и оние што биле во контакт со заболените.
Голем е и стравот за егзистенцијата на ранливите категории, затоа што илјадници жители се дел од неформалната економија, па карантинот директно ќе влијае на нивниот извор за егзистенција.
Надлежните, пак, за поефикасна контрола воведуваат и нови методи за казна на непослушните граѓани.
Полицијата во индискиот град Меруту одлучи да ги казни прекршителите на самоизолација, така што ќе ги принуди да носат транспаренти на кои пишува „Јас сум му пријател на коронавирусот“, за да можат останатите граѓани да ги фотографираат и да ги објават на социјалните мрежи.