Утре ќе биде одржана првата муслиманска молитва во Аја Софија откако од музеј таа повторно стана џамија. На „џума намазот“, како што известија турските власти ќе присуствува и претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Министерот за верски работи Али Ербас, денеска именуваше три имами кои ќе ја водат молитвата и пет мујазини, кои од врвот на минарето ги повикуваат верниците на молитва.
Настанот ќе го обезбедуваат 17 000 полицајци.
Државниот совет, највисокиот управен суд на Турција, на почетокот на јули донесе пресуда со која на барање на група верници беше поништена одлуката на Советот на министрi од 1934 година со која Аја Софија стана музеј.
Основата за оваа пресуда бил сомнежот во автентичноста на потписот врз одлуката на оснивачот на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк.
Ердоган веднаш по објавувањето на пресудата издаде декрет со кој поранешната визaнатиска црква Аја Софија пак станува џамија.
Потегот предизвика критика од САД, ЕУ, Грција и повеќе христијански лидери.