Ставот на Тимерманс се разликува од оној што вчера го зазеде ЕК во одговор на писмото на петмина премиери на земји-членки кои обвинија за нерамноомерна дистрибуција на вакцините во Унијата
Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс признава дека Европската унија направила грешки во изготвувањето стратегијата за вакцинација против коронавирус за земјите -членки.

„Точно е дека имаше грешки во нарачките на вакцини во Брисел и во земјите-членки. Подготвен сум на крајот од пандемијата да има преиспитување и тогаш можеме да видиме што погрешивме, а што направивме добро“,
рече Тимерманс во интервју за неделното издание на весникот „Тагесшпигел“, пренесе ДПА.
Но, она што сега е приоритет според него, е да се обезбеди дека сите Европејци ќе добијат вакцина.
Европската комисија нарача најмалку 1,4 милијарди дози од четири вакцини одобрени во Унијата, што треба да биде повеќе од доволно за нејзините 450 милиони жители.
Но, неколку земји вчера упатија поочија на стратешки грешки при нарачка на вакцините и обвинија дека системот на дистрибуција е неправеден.
Лидерите на пет членки на Европската унија, Бугарија, Словенија, Австрија, Чешка и Летониј вчера повикаа на разговори на високо ниво за фер дистрибуција на вакцините против коронавирусот, предупредувајќи дека сегашниот начин на работа на тој систем до летото може да создаде „големи разлики“ меѓу земјите членки.
Тие сметаат оти сегашниот систем „може да продолжи да создава и продлабочува големи разлики меѓу земјите членки до ова лето, при што некои од нив ќе можат постигнат колективен имунитет за неколку недели, додека другите држави би можеле да заостанат далеку зад нив“.
Во писмото до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, функционерите на ЕУ се повикуваат „што е можно поскоро да одржат дебата за ова важно прашање“.
Европската комисија синоќа им одговори дека начинот на дистрибуција е нивен избор и дека тие побарале тој да сме смени, па наместо вакцините да се дистрибуираат според бројот на жители, тие се одлучиле за приоритети ги повика, доколку сакаат можат да се вратат на старото правило.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц вчера петокот рече дека вакцините не се делат пропорционално меѓу земјите-членки на ЕУ и оти се склучуваат дополнителни договори за снабдување со вакцини како резултат на нетранспарентни преговори меѓу лидерите на ЕУ.
Курц смета дека Холандија и Данска имаат пристап до значително повеќе дози вакцини по глава на жител отколку земјите како, на пример, Бугарија или Хрватска.