„Продолжуваме помирно и посигурно од кога било кон октомвриската победа која е блиску, многу блиску“, напиша тој на Фејсбук
Лидерот на дел од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, денеска се огласи својот фејсбук-профил по прес-конференцијата на вицепремиерот Арбен Фетаи, на која потврди дека останува во ВЛЕН, односно продолжува да биде дел од Владата.

Посочи дека неговите поранешни сопартијци се анксиозни и чувствуваат вина, а ги потсети и дека се ближи одржувањето на локалните избори, на кои додаде дека ќе извојуваат победа.
„Анксиозноста е најлошото чувство кое човек го доживува, особено кога е измешано со чувство на вина. Продолжуваме помирно и посигурно од кога било кон октомвриската победа која е блиску, многу блиску!“,
вели Таравари.
На вонредното собрание на Алијансата за Албанците од крилото на Арбен Таравари е разрешен шефот на Собранието на партијата, Арбен Фетаи.
По состанокот Таравари кажа и дека исклучиле неколку члена кои јавно се изјасниле против Алијансата за Албанците.
„Членовите на претседателството кои беа исклучени се вкупно осум од 46 члена на Централното претседателство, така што тоа продолжува со мнозинството членови, а собранието со апсолутно мнозинство во Централното собрание“,
рече тој.
За Фетаи тој процес е нелегитимен и го опиша како циркус. Додаде дека за неговото разрешување не се добиени соодветните потписи од две третини од членовите на Собранието.
Потврди дека останува во ВЛЕН, односно дека продолжува да биде дел од Владата.