Овие вакцини се наменети за ревакцинација на 3 000 здравствени работници
На меѓународниот аеродром во Скопје денеска, во 14:30 часот, стигна втората пратка од руската вакцина „Спутник В“ соопштија попладнево од Министерството
Како што информираа од Министерството за здравство, овие вакцини се наменети за ревакцинација на 3 000 здравствени работници.
На Меѓународниот аеродромот кај Скопје утрово пристигнаа и 24 000 вакцини од „Астра Зенека“, произведени во Јужна Кореја, кои се доставени на земјава преку Ковакс механзимот. Со овие вакцини треба да почне масовната вакцинација против-ковид 19 во земјава.