Споредбата покажува дека, независно од тоа дали во некоја од 10-те општини во рамки на главниот град е избран градоначалник во првиот круг, сега одѕивот до 9 часот е повисок отколку на 17 октомври
Во повеќето општини во рамки на градот Скопје, исто така, е забележана поголема излезност во првите два час од денешното гласање во вториот круг, а во споредба со одѕивот во тој период во првиот круг пред две седмици.
Споредбата покажува дека независно од тоа дали во некоја од 10-те општини во рамки на главниот град е избран градоначалник во првиот круг, одѕивот сега е повисок отколку на 17 октомври.
Како исклучок може да се наведе Сарај, каде што градоначалникот беше избран во првиот круг, а сега се гласа само за скопски градоначалник. Таму овој пат излезноста до 9 часот е нешто пониска отколку пред две седмици, кога до 9 часот излегле 1,86 проценти, а сега 1, 64.
Од друга страна, значително повисок одѕив е забележан во Аеродром, 5,44 проценти,каде што градоначалникот, исто така, беше избран во првиот круг, кога одѕивот до 9 часот 3,71 отсто. Но и во Карпош, каде што сега се бира и градоначалник на општината и на градот Скопје, овој пат одѕивот е 6,74 наспроти 4,73 отсто на 17 октомври.
Сепак, во дел од општините во внатрешноста, денеска до 9 часот, е забележана повисока излезност отколку во скопските општини.
На ново на државата, излезноста во првите два часа од денешното гласање беше околу пет проценти, додека во тоа време имаше општини во кои одѕивот стигна и до 15 отсто (Ранковце) или над 9 отсто во Пехчево, Зелениково, Кратово, Пробиштип, Демир Хисар, Ресен…