За функцијата во моментов има четворица кандидати – Росен Желјазков од ГЕРБ-СДС, Петар Петров од Преродба, Кристијан Вигенин од БСП и Јордан Цонев од ДПС. На вонреден брифинг синоќа политичката партија Продолжуваме со промената ја повлекоа својата номинација – на Никола Минчев
И третиот обид за избор на претседател на бугарското Народно собрание е неуспешен. По историски долга пауза – од среда попладне до четврток наутро, пратениците повторно гласаа, но сепак не постигнаа консензус.
По гласањето, привремениот спикер Вежди Рашидов им даде едночасовна пауза на бугарските парламентарци и истакна дека по паузата ќе ја имаат последната шанса да го изберат првиот човек на парламентот.
За функцијата во моментов има четворица кандидати – Росен Желјазков од ГЕРБ-СДС, Петар Петров од Преродба, Кристијан Вигенин од БСП и Јордан Цонев од ДПС. На вонреден брифинг синоќа политичката партија Продолжуваме со промената ја повлекоа својата номинација – на Никола Минчев.
Во вториот круг стигнаа Јордан Цонев и Росен Желјазков, но ниту еден од нив не доби повеќе од половина од гласовите на присутните пратеници.
„Подготвени сме повеќе да не го номинираме нашиот кандидат за претседател на 48. Народно собрание“,
изјави пред новинарите на маргините на Собранието Десислава Атанасова од ГЕРБ-СДС, јави БТА.
ГЕРБ синоќа го прифати предлогот на Демократска Бугарија за ротирачко претседателство на парламентот со Продолжуваме со промените. Одлуката ја соопшти лидерот на партијата Бојко Борисов по итниот состанок на Извршниот комитет на партијата.
„Народот не го заслужува ова што денеска се случи во парламентот“,
рече Борисов додавајќи дека неговата партија не се инаетела, и тоа го дополни со примерот од многу народни приказни и поговорки за овните на мост.