Утре на претседателскиот совет да ја изразиме нашата поддршка за овој предлог и да се деблокира работата на Народното собрание, рече Борисов
ГЕРБ го прифати предлогот на „Демократска Бугарија“ за ротирачко претседателство на парламентот со „Продолжуваме со промените“. Одлуката ја соопшти лидерот на партијата Бојко Борисов по итниот состанок на Извршниот комитет на партијата.
„Народот не го заслужува ова што денеска се случи во парламентот“,
рече Борисов додавајќи дека неговата партија не се инатела, и тоа го дополни со примерот од многу народни приказни и поговорки за овните на мост.
Борисов додаде дека финансиска, политичка, миграциска, енергетска и секоја друга кризава е факт, а политичарите продолжуваат да се грижат за тоа кој е претседател на Народното собрание на Бугарија.
Според него, Христо Иванов и „Да, Бугарија“ даваат разумен предлог и важно е тоа да функционира веднаш.
„Утре на претседателскиот совет да ја изразиме нашата поддршка за овој предлог и да се деблокира работата на Народното собрание“,
рече Борисов обраќајќи им се на народните избраници од партијата.
Бугарското Народно собрание ја прекина денешната свечена седница по двата неуспешни обиди за избор на претседател на парламентот.
Пратениците утре ќе направат нов обид за избор на спикер на 48. Народно собрание на Бугарија за излез од политичката ситуација.
Предлогот за прекин на седницата дојде од претседателката на пратеничката група на ГЕРБ-СДС Десислава Атанасова.
Претседателот на „Бугарски подем“ и поранешен технички премиер, Стефан Јанев, повика на одржување претседателски совет за избор на претседател на 48. Народно собрание. Тој предложи да се направи обид да се истакне единствена кандидатура за која ќе се дебатира и гласа на состанокот в четврток.