По веста дека опозицијата нема кворум за усвојување на дневниот ред на денешната седница, на која требаше да се расправа за доверба на Владата, Kасами рече дека дошол во Собранието за да види што се случува
По лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, во Собранието предмалку пристигна и претседателот на Беса, Билал Касами, кој веќе не е пратеник, туку градоначалник на Тетово.
По веста дека опозицијата нема кворум за усвојување на дневниот ред на денешната седница, на која требаше да се расправа за доверба на Владата, Kасами рече дека дошол во Собранието за да види што се случува.
„И јас немам информации што точно се случува. Тука сум за да видам што се случува“,
рече Касами на влегување во парламентот, најавувајќи дека ќе даде изјава за половина час.
На прашање дали е изненаден од потегот на неговиот сопартиец, пратеникот Кастриот Реџепи, Касами рече „не, од ништо не сум изненаден“.
Од Собранието засега нема најави за продолжување на седницата и за евентуално утврдување на дневниот ред, откако беше дадена пауза од 1 час, по барање на заменик-координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска.