Јавниот обвинител Јовески ќе се сретне со бугарските истражители на местото на автобуската несреќа
По трагичната автобуска несреќа во која загинаа 46 лица, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески е на пат кон Бугарија, каде што ќе се сретне со директорот на бугарската Национална истражна служба, Борислав Сарафов, на местото на автобуската несреќа на автопатот „Струма“.
Средбата со Јовески, во изјава за БТА ја потврдил директорот на бугарската Националната истражна служба Сарафов.
Двајцата ќе се сретнат на местото на несреќата на автопатот „Струма“, каде што ноќеска излета и се запали туристички автобус со македонски таблички.
Претходно, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информира дека претставници на Секторот за сообраќајна полиција и Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења веќе се на пат за Бугарија и им стојат на располагање за помош и поддршка на бугарските колеги.