Утре, како што информираат од УХМР, ќе преовладува сончево време со студено утро, а ќе има зголемување на дневната температура. Од вторник следува период на претежно облачно време со локални врнежи од дожд кон крајот на денот. Пообилни врнежи се очекуваат во среда
Денеска времето во земјава ќе биде сончево и студено со мала, а во источните делови со умерена локална облачност. Претпладне ќе дува засилен северен ветер, кој во попладневните часови ќе слабее, а најдолго ќе се задржи долж Повардарието, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура се движи во интервал од минус седум до седум Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од шест до 13 степени.
Најниската температура од минус седум Целзиусови степени, според УХМР, утрово е измерена на Попова Шапка.
Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала облачност и со умерен до засилен ветер, особено во претпладневите часови. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до нула, а максималната ќе достигне до 10 Целзиусови степени.
Во понеделник, како што информираат од УХМР, ќе преовладува сончево време со студено утро, а ќе има зголемување на дневната температура. Од вторник следува период на претежно облачно време со локални врнежи од дожд кон крајот на денот. Пообилни врнежи се очекуваат во среда.