Објектите безбедно се евакуирани и во тек се антитерористички проверки, велат од МВР
Нови дојави за бомби денеска попладне се упатени на електронските адреси на вкупно 20 училишта од кои 12 во Скопје и осум во Куманово.
Учениците се евакуирани и во тек се проверките.
„Досега, попладнево, e пријавено дека на електронските адреси на 12 училишта во Скопје и осум во Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“,
информираа од МВР.
Вчера, исто така, имаше дојави за во 20 училишта, но сите беа во Скопје. По направените проверки, како и по сите претходно во изминатиот период, се утврди дека се лажни.