Досега повеќето коалициски партнери потврдија дека остануваат верни на мнозинството, меѓу кои и НСДП, ДОМ, ЛДП, Демократската партија на Турците, Демократскиот сојуз, ВМРО-Народна партија и други
Владината коалиција е стабилна без оглед на тоа што на многу места во вториот круг се натпреваруваме меѓу себе, порачаа од партијата Беса на Билал Касами.
„Владиното мнозинство е стабилно и работи исклучиво во интерес на граѓаните. Напредокот на земјата е нашата највисока заедничка цел. Движењето Беса е дел од стабилното владино мнозинство. Северна Македонија продолжува напред со стабилна Влада по демократски и европски пат“,
порача Беса која исто така нагласува во првиот круг од локалните избори партијата ги исполнила очекувањата и во вториот оди како фаворит во Тетово и Желино.
Демократската партија на Албанците (ДПА) продолжува да биде дел од оваа Владата, порачаа и од партијата на Мендух Тачи која во парламентарното мнозинство партиципира со еден пратеник.
Во соопштението од ДПА се наведува и дека тие целосно веруваат оти актуелната влада може да го финализира процесот за почеток на преговори за полноправно членство во ЕУ.
Досега повеќето коалициски партнери потврдија дека остануваат верни на мнозинството, меѓу кои и НСДП, ДОМ, ЛДП, Демократската партија на Турците, Демократскиот сојуз, ВМРО-Народна партија и други.
Денеска по втор пат се огласија и од ДУИ со порака дека мнозинството е стабилно и нема потреба од предвремени парламентарни избори, но и дека очекуваат по вториот круг мнозинството да се зголеми.
*Поврзани вести: