Бројот на починати од коронавирусот се искачи на 41, а бројот на регистрирани случаи од Кина се прошири во 11 други земји.
Сите 41 смртни случаи се во Кина, од кои 39 во провинцијата Хубеј, која е извор на заразарата.
Националната здравствена комисија објави дека бројот на заразените нагло пораснал на 1.287.
Епидемијата на новиот смртоносен вирус, што почна од главниот град на таа провинција Вухан, ги принуди кинеските власти да преземат мерки за ограничување на ширењето на вирусот, вклучително и суспендирање на јавниот превоз во 10 градови, затворање на храмови за време на кинеската новогодишна прослава, како и Кинескиот ѕид.
Четиристотини и педесет лекари од кинеската армија од синоќа се во Вухан, каде веќе се гради и посебна болница за заболените од коронавирусот.
Вирусот досега е регистриран и во Тајланд, Виетнам, Сингапур, Јапонија, Јужна Кореја, Тајван, Непал , Малезија и САД.
Франција вчера соопшти дека се регистрирани првите случаи во оваа земја, што се воедно и првите случаи во Европа. Се работи за три лица, од кои за две е потврдено дека престојувале во Кина.
Денеска и Австралија објави три потврдени случаи, од кои еден е 50 – годишен Кинез кој на 19 јануари се вратил од Вухан.

Велика Британија започна потрага по околу 2.000 лица кои изминативе недели патувале во Вухан за да бидат подложени на медицински и лабораториски проверки.
За тоа како се шири коронавирусот, повеќе прочитајте ТУКА.
*Поврзани вести
Поради коронавирусот: МНР предупредува да не се патува во градот Вухан и провинцијата Хубеј во Кина
ИЈЗ: Засега нема потреба од воведување посебни мерки во врска со новиот коронавирус во земјава
Уште еден кинески град оди во карантин поради коронавирусот: Зошто СЗО не реагира?